Меѓународен ден на децата заболени од рак
Денес го одбележуваме денот посветен на подигање на свеста за детскиот рак и на изразување поддршка кон децата кои се соочуваат со оваа болест, како и кон нивните семејства и здравствените работници.
Ракот кај децата е редок, но сериозен здравствен предизвик кој бара навремена дијагноза, современ третман и континуирана психосоцијална поддршка. Благодарение на напредокот во медицината, денес голем дел од детските карциноми се успешно излечени доколку се откријат навреме и третираат соодветно.
Да продолжиме да вложуваме во рана дијагностика, квалитетен третман и поддршка затоа што секое дете заслужува шанса за здраво, исполнето и среќно детство. 
