Лекарите 35 минути го реанимираа двомесечното бебе

„Најнапред би сакала да изразам сочувство до родителите“ – вели во писменото обраќање директорката на кавадаречката болница, д-р Гордана Ѓорчева Камчева и информира дека доенче со иницијали У.М., на возраст од два месеца, било примено на Одделот за педијатрија на 12.01.2026 година, поради обилно повраќање по хранење.
„Во текот на деновите кога е тука на нашиот оддел, детето е со уредни параметри и уредни лаб.анализи без повраќање.
На 14.01.2026 година, по итен повик од мајката поради тоа што бебето престанало да дише, веднаш бил повикан дежурен педијатар, а во истиот момент и анестезиолог. Започната е реанимација со соодветна терапија која траела околу 35 минути, но за жал без успех.
По констатирањето на смртта, согласно законските процедури, известени се надлежните служби – Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство. Земени се изјави од родителите и од дежурниот медицински персонал, по што телото на доенчето е предадено на обдукција, со цел утврдување на точната причина за смртта“ – информира директорката на болницата во Кавадарци.
Subscribe
Notify of
guest
1 Comment
Oldest
Newest Most Voted
Inline Feedbacks
Погледни сите коментари